НСДП: Одењето сами на избори е налудничава идеја

Од:

„Идејата за одење сами на избори без сомнение е налудничава, но се чини дека Никола Груевски токму во тоа поништување на политичката плуралност ја гледа својата шанса да го одложи официјалниот момент на својата политичка смрт.

Ако до вчера дел од македонската јавност живееше во уверување дека проблемот е само кај Никола Груевски и неговите авторитарни политички карактеристики, со поднесувањето на кандидатските листи во сите изборни единици станува јасно дека македонскиот проблем е партијата ВМРО-ДПМНЕ. 123 луѓе да се согласат да тргнат по умот на аболицираниот криминалец, не само што зборува за отсуство на свест за катастрофалната состојба во која се наоѓа Македонија, туку зборува и за тоа дека изворот на проблемите во државата е и во редовите на владејачката партија, а не само кај нејзиниот лидер. Доминирањето на авторитарната свест во ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е илузорно да се очекува дека тие во моментов имаат било каков капацитет да организираат фер и демократски избори.

Јасно е зошто Никола Груевски, како докажан криминалец, сака да оди на избори за да ја избегне правната и политичка одогворност, но уште позачудувачки е фактот и подготвеноста на членовите на партијата да ја жртвуваат целата држава и интересите на сите граѓани во име на својот лидер. Дури сега станува јасно колку сериозна езаканата за дестабилизација на државата, за економско пропаѓање и меѓународна изолација, која доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ