Чомски: Украина и Грузија во НАТО е како Канада и Мексико да сакаат да бидат во Варшавскиот пакт

Од:

Перспективата за стапување на Украина и Грузија во НАТО, американскиот филозоф и историчар Ноам Чомски ја споредува со ситуацијата во која Мексико и Канада би ја разгледале можноста за придружување кон Варшавскиот пакт.

– Соочени со предизвици од сите страни, САД ја губат водечката позиција на меѓународната сцена, пишува Чомски во есејот, објавен на сајтот „Том Диспеч“.

Според Чомски, прашањето кој владее со светот веднаш предизвикува неколку причини за загриженост за САД, од студена војна до борба против меѓународниот тероризам.

Тој се повикува на теоријата, која ја објави главниот коментатор за меѓународни односи на „Фајненшл тајмс“ Гидеон Рахман, кој пишуваше дека по Студената војна моќта на вооружените сили станала клучна за меѓународната политика на САД.

Тоа е особено актуелно во три региони, во источна Азија, каде американската воена морнарица се однесува кон Јужното Кинеско Море како кон „американски море“, во Европа, каде во сила е НАТО и на Блискиот Исток.

Во секој од овие региони „безбедносниот поредок“, што го поставија САД е ставен пред предизвик, така што фундаменталното прашање на меѓународната политика, според Чомски е следното: „Дали Вашингтон може да им го признае правото на други држави на сопствени зони на влијание?“.

Меѓу останатото, Чомски се осврнува на судирот меѓу Русија и НАТО, кој созрева во Источна Европа. Вашингтон смета дека ширењето на Алијансата е позитивно, додека Русија ги има сите основи за загриженост во врска со тоа.

Чомски се повикува на работата на експертот за Русија, Ричард Сакви, кој наведе дека изворите на сегашната криза во односите меѓу Русија и НАТО одат дури до распаѓањето на Советскиот сојуз. Тој потсетува дека постојат два концепти на обединување на земјите. Едната од нив е поврзана со ширењето на Европа, во чие средиште треба да се наоѓа Европската унија, која би се приклучила кон евроатлантската заедница. Другиот концепт е поврзан со обединување на земјите во „голема континентална Европа“, која би се простирала од Лисабон до Владивосток.

Западот, кој распаѓањето на Советскиот сојуз и натамошното уривање на Русија го смета за триумф, кон вториот концепт се однесува со „љубезен презир“ и ја сметаа само како изговор за препород на „голема Русија“.

Наместо неа, Западот се сврте кон првата опција и почна брзо ширење на НАТО на исток на почетокот на ’90-те години од минатиот век.

Од почетокот на 2000 година па наваму повторно се појави вториот концепт, со напредокот на Русија. На геополитичко обединување на Европа повика лично Владимир Путин, потсети Чомски.

Западот меѓутоа и натаму продолжи да го шири НАТО, прогласувајќи нова мисија, која и овозможи на организацијата да стане „глобална“.

Тенденциите на Алијансата во своите редови да ги вклучи Украина и Грузија рускиот претседател ги сфати како директна закана за својата држава и според експертот за меѓунродни односи Џон Миршмајер, Вашингтон би требало да се однесува со разбирање кон логиката на Путин.

Перспективата на стапување на Украина и Грузија во НАТО Чомски ја спореди со ситуација во која Мексико и Канада би ја разгледувале можноста за приклучување кон Варшавскиот пакт.

– Не е потребно да прашате како САД би реагирале кога земјите од Латинска Америка би се приклучиле кон Варшавскиот пакт, кога Мексико и Канада би размислувале за оваа варијанта, додаде тој.

Според него дури ЦИА остро би го прекинала и најмалиот знак за можен ваков развој на настаните.

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски