ЛДП: Груевски е „подготвен“ да оди на избори за привремено да си ја купи слободата

Од:

„Никола Груевски и аболираната врхушка на власт се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата.

Оваа авантура на ВМРО-ДПМНЕ, да излезе сама против себе на избори, ќе ги загрози евроатлантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана.

Власта, која е синоним за криминал и корупција, токму со неуставната и противправна аболиција се дрзнува да уценува и да се пазари за да побегне од раката на правдата.

Аболицијата за привилегираните криминалци од власта мора да се повлече, а предвремените парламентарни избори да се одложат, се’ додека не се создадат услови за слободни, фер, демократски и кредибилни избори.

Секој кој се надева на поинаков расплет на кризата ја манипулира јавноста. Никој нема право во има на граѓаните да се пазари со аболицијата на криминалците. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Либерално-демократската партија останува на истиот пат со граѓаните за враќање на слободата, демократијата во државата и правната држава“, соопштуваат од ЛДП.

 

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство