Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски имаше средба со претставници на кандидатите за полицајци коишто го завршија курсот.
-Имаа закажано протест, јас побарав да ги примам овде, да разговараме со нив, да видиме кои се нивните барања и дилеми, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Тоа го направив за да немаме никакви шпекулации ниту во јавноста. Од друга страна, не сакам овие млади луѓе коишто се кандидати за полицајци, да ги манипулира некој и да ги вовлекува во политики коишто не треба да ги вовлекува.
Заради тоа што полицајците се тука да служат на граѓаните на Република Македонија, да служат на државата, а политичарите се тие коишто ќе ги носат политичките одлуки.
Сакам да кажам дека, и тоа го соопштив и пред нив, носење на политички одлуки во однос на нивниот статус нема, договорите за нивно вработување се изготвени.
Настана одземање на ингеренциите од страна на Владата еднаш, поништување на сите мои одлуки. Настана уште еднаш, второ поништување на одлуките на таа фамозна седница на Влада што се одржа во 23.30 часот, ден пред распуштање на Парламентот.
Имавме состојба на распишани, се уште имаме состојба на распишани избори кога ниту еден од министрите не смее да прави нови вработувања, да имаме нови вработувања.
Тоа им го објаснив и на нив, за тоа се договоривме. Тие беа 434 во оваа класа, јас бев тој којшто побарав од Министерството за финансии да бидат вработени и тие 34 лица коишто ја поминаа обуката за полицајци заради тоа што, навистина, имаме потреба од полицајци.
Немаме одобрување и за жал, и ќе бидат примени само овие 400 коишто врз основа на огласот тоа право го имаат.
Ако се случи да наредните денови се одложат изборите, немаме состојба во којашто ќе имаме правна пречка или ќе правиме злоупотреба со новите вработувања, ќе треба да се повикаат и ќе се повикаат сигурно сите овие 400 кандидати за полицајци и ќе започнат приправнички стаж во Министерството за внатрешни работи.
По завршувањето на тој приправнички стаж, после една година, се надевам дека ќе завршат и ќе го положат и тој испит успешно и ќе станат полицајци.
На Македонија и требаат полицајци.
На Македонија и требаат млади луѓе коишто ќе и служат на државата и коишто ќе работат во интерес на граѓаните. Се надевам дека таа мисла ја имаат сите канидати за полицајци коишто се и на овој конкурс и коишто ќе бидат и понатаму.