Отворена 9. Македонска книжевна визита во Софија

Од:

Македонската книжевна визита е една од најпрестижните манифестации кои заедно со издавачката куќа „Макавеј“ од Скопе ги организира Културно-информативнот центар на РМ во Софија. Средбите траат два три дена во месец мај, но резултатите од таа посета веќе девета по ред, траат цела година, истакна директорот на македонскиот КИЦ, Васко Шутаров на отворањето на манифестацијата.

– Направени се десетици литературни портрети на сите наши македонски најзначајни поети, остварени се безброј соработки и контакти меѓу книжевната фела од нашите два блиски литератури, иницирани и направени се многу преводи,многу изданија, многу добри релации меѓу писателите од нашите две земји и тоа е една од заслугите на оваа книжевна визита, рече Шутаров.

Владимир Цветкоски од книгоиздателството „Макавеј“ се согласи дека како резултат на оваа манифестација која започна како афирмација на македонската литература и култура во странство, придонесе за зближување на авторите од двете земји.

– Во текот на годините се намножија контактите, пријателствата, се намножија и преводи се намножија и оригинални дела, вели Владимир Цветкоски.

Тој посочи дека годинава визитата носи импозантна бројка од 11 македонски поети од сите генерации. Поетската делегација ја сочинуваат Веле Смилески со чиј портрет беше отворена книжевната визита, Раде Силјан, Бранко Цветкоски, Санде Стојчески, Стојан Тарапуза, Весна Ацевска, Кристина Николовска, Илија Велев, Борче Панов, Диме Ратајковски и Иван Антонов.

Пред присутните љубители на убавиот збор книжевниот портрет за творештвото на Смилески го донесоа поетитетите Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски.

Стојчевски за сестраниот опус на Смилевски, кој е преведуван на повеќе сетски јазици и носител на врвни домашни и меѓународни награди и признанија, вели дека да се говори за него е речиси невозможно, а да не се доближите до некоја веќе согледана, констатирана и коментирана карактеристика.

– Мојот предлог за читање на оваа лирика, возбудлива, повеќеслојна и полна со изненади и неочекувани свијоци, е обидот да ја согледаме како велика зафатка всушност како широк зафат во отворена лирска прегратка, повеќекратно да се прибере и луцидно да се коментира големото човечко духовно наследство, вели Стојчевски.

Бранко Цветкоски пак, подвлекувајќи го значењето на неговото творештво во современата македонска литература се осврна на неговата поема „Век за самување“ за која ја доби нагрдата „Григор Прлиев“.

– Оваа слоевита поетска градба со благ епско-лирски трепет, во целиот свој тек е еклатантна потврда на постулатот дека книжевноста не познава граници, вели Цветкоски.

Вечерта беше заокружена со настапот на македонските поети присутни во Софија, а беше прочитано и поздравно писмо до македонската книжевна делегација од познатиот бугарски поет Љубомир Левчев добирник на Златниот венец на СВП.

Утре манифестацијата продолжува со портретот на доајенот на македонската литература за деца Стојан Тарапуза и доделувањето на наградата македонски книжевен Дедал на бугарскиот поет Иван Границки.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска