Во Кочани промоција на две книги од Ленче Китанова

Од:

Во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани во организација на Здружението за наука и уметност „Стари поток“ од Кочани денеска се одржа промоција на две книги на авторката Ленче Китанова од Штип, со наслов „Раскази за една младост“ и  „На зминување“.

– Се работи за  книгата раскази  под наслов „Раскази за една младост“ во која се содржани 13 раскази и книгата поезија под наслов „На зминување“ во која се содржани 52 песни. Ме радува што промоцијата на моите две дела се одржува во кочанската библиотека,бидејќи како наставник по македонски јазик во Основното училиште во Лозово, неколку години по ред со свои ученици учествувам на поетската манифестација „Мајски цвет“ во овој град, изјави Ленче Китанова.

Љупка Стоименова, претседател „Стари поток“, информира дека ова е прва активност на новоформираното здружение за наука и уметност, кое, потенцира, ќе работи на афирмација на роднокрајни автори од Кочани и Виница преку презентација и промоции на книги, научни трудови, изложби, а ќе организира и трибини на одредени теми поврзани со науката и уметноста.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска