Врачени наградите „13 Ноември” на Град Скопје за 2012 година

Од:

Во рамки на централното одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, во средата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, им ги врачи признанијата на добитниците на Наградата „13 Ноември” на Град Скопје за 2012 година.

„Во колективното паметење на граѓаните на градот Скопје неизбришливо опстојува 13 Ноември, денот кога почна да се остварува идејата за самостојно определување на развојот на најголемата урбана средина во Република Македонија.

– Денес, по 68-ми пат ги одбележуваме и ги славиме, не само годините на живот во мир и слобода туку и пресвртните моменти во историјата на нашиот град, кога почна успешно да се справува со сите предизвици и премрежиња, за да прерасне во град, во урбана заедница со свој автентичен и современ лик. Управувањето со големите градови, особено со главните градови на државите, е исклучително голем предизвик и сложен процес.

– За ова сме длабоко свесни, но и уште повеќе искрено посветени. Скопје, сестрано и во сите негови сегменти динамично се развива, онака како што со право очекуваат и заслужуваат неговите граѓани. И во оваа пригода сакам да потенцирам дека е наша должност да ги поттикнуваме и да им го вреднуваме несебичниот труд на сите оние наши сограѓани што со својата работа и достигнувања, вложувале и вложуваат во развојот на Скопје, како град во кој се негува духот на традицијата, солидарноста и мултикултурниот соживот.

– Токму традиционалната годишна награда „13 Ноември на Град Скопје”, за особени достигнувања и остварувања во сите сегменти на животот, е знак на признание на Градот Скопје кон сите оние што со својот труд и достигнувања придонеле за неговиот развој, но и за севкупниот напредок и афирмација на Република Македонија, во и надвор од нејзините граници”, истакна градоначалникот Трајановски.

Годинешни добитници на наградата „13 Ноември” се: проф.д-р Јове Кекеновски и проф.д-р Александар Трајановски (од областа на науката); Асани Џеладин и ЈП „Службен Весник” на РМ (од областа на публицистиката); м-р Викторија Наумоска Еремеева (од областа на образованието и воспитувањето); Бранко Цветкоски (од областа на културата); Томи Александровски и Венцислав Недев (од областа на спортот). Наградата „13 Ноември” на Град Скопје во 2012 година, за правни лица ја добија и Здружението за развој на ромската заедница -Сумнал и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост-ПОРАКА-Скопје (од областа на хуманитарната активност и социјалната заштита). Годинешните ученици и студенти, добитници на 13-то Ноемвриската награда на Град Скопје се: Анастасија Сековска Аврамовска (средношколец) и студентите Харис Бабачиќ и Елмедина Хасани.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство