Американските воени едници за специјални операции се распределени во Либија од крајот на минатата година со цел да дадат поддршка за можна офанзива врз Исламската држава, соопшти вчера „Вашингтон пост“, повикувајќи се на анонимни извори од САД.
Два воени одреди, со по речиси 25 војници, дејствуваат околу градовите Мисрата и Бенгази, за да бараат потенцијални сојузници и да собираат разузнувачки информации за постоечки закани, велат анонимните официјални извори.