Екипата на Оклахома е вториот финалист во Западната конференција на НБА кошаркарскиот шампионат.
Тимот на Оклахома ноќеска пред својата публика го совлада Сан Антонио со убедливо со 113:99 и со конечни 4:2 во победи ја доби полуфиналната серија.
Најзаслужни за оваа победа на Оклахома беа Кевин Дурант со 37 и Расел Вестбрук кој оствари дабл-дабл учинок од 28 поени и 12 асистенции.
Оклахома во финалето на „Западот’’ ќе игра против актуелниот шампион Голден Стејт.
А, ноќеска во Мајами, во 2 часот по полнок по македонско време, ќе се игра шестиот меч меѓу Мајами и Торонто во кој гостите ќе влезат со предност од 3-2 во меѓусебните средби.
Доколку Торонто го добие овој меч ќе се пласира во финалето на Источната конференција каде за противник ќе ја има екипата на Кливленд.