Деветта Македонска книжевна визита во Софија

Од:

Единаесет македонски поети и писатели од сите генерации, од денеска до 15 мај во Софија ќе учествуваат на традиционалната 9. „Македонска книжевна визита“ чија мисија е афирмирање на македонската литература во соседна Бугарија.

Организатор на настанот, Книгоиздателството „Макавеј“, истакнува дека со оваа манифестација се придонесува во унапредување на врските меѓу македонската и бугарската литература, обновување на плодната комуникација меѓу писателите, преведувачите и книжевните научници од двете земји, афирмацијата на преводите на македонските дела во Бугарија и на бугарските автори во Македонија, како и за поттикнувањето нови приврзаници и почитувачи на македонската литература.

Според програмата, годинашната „Деветта македонска книжевна визита“ ќе започне со книжевниот портрет на современиот македонски поет Веле Смилевски, за чие творештво ќе говорат Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски, а истата вечер ќе се одржи и Вечер на современата македонска поезија со настап на 11 македонски поети.

Вториот ден од манифестацијата му е посветен на творештвото на Стојан Тарапуза, доајен на македонската литература за деца. За доблестите на неговото творештво ќе говори поф. д-р Кристина Николовска. На завршниот ден учесниците на манифестацијата ќе имаат официјален прием во Сојузот на бугарските писатели и ќе му оддадат почит на еден од основоположниците на современата македонска литература Венко Марковски.

Во рамки на манифестацијата ќе биде доделена и наградата „Македонски книжевен Дедал“ за творечки дигнитет и за придонес во афирмацијата на македонската литература во Бугарија, како и за зближувањето на македонските и бугарските писатели. Годинешен носител на ова признание е бугарскиот писател, есеист и издавач Иван Гранитски.

– Еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал“ која „Макавеј“ ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесува да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи (најчесто, истовремено и писатели) кои безрезервно ја согледаа новата голема модерна мисија на македонската литература, наведуваат од книгоиздателството „Макавеј“

Меѓу најголемите афирматори на македонската литература во Бугарија се угледните современи бугарски писатели и преведувачи: Петар Караангов, Елка Њаголова, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова и др. Како што се наведува, овие преведувачи, кои се и темелни автори на бугарската литература заедно преведоа околу 30 дела од македонски автори кои се објавија во копродукција со бугарски издавачи или само од бугарски издавачи.

Книгоиздателството „Макавеј“ ја организира Книжевната визита во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска