„Браво Сине“ ќе промовира изданија од едицијата „Бајки од Македонија“

Од:

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ денеска ќе ги промовира четирите бајки за деца од едицијата „Бајки од Македонија“ кои ги илустрираше 26-годишната Катерина Николовска од Штип.

Николовска беше избрана како победник на годинашниот конкурс за избор на млади дизајнери – илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Таа беше наградена со парична награда од 200 илјади денари, а требаше да ги илустрира народните бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“.

Книгата „Бајки од Македонија“ е во издание на „Арс Ламина“, која е партнер во проектот заедно со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

Идејното решение на Николовска беше избрано во конкуренција на 38 пристигнати илустрации од млади дизајнери.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска