Продолжен рокот за доставување на понудите за продажба на ОХИС

Од:

Рокот за доставување на понудите на тендерот за продажба на ОХИС е продолжен до 30 ноември. Одлуката е донесена на последната владина седница со цел да се овозможи подготовка на квалитетни понуди од страна на потенцијалните инвеститори.

Измената, како што информира денеска Министерството за економија, се однесува само на двата правни субјекта кои веќе имаат подигнато тендерска документација до 7 ноември кога беше крајниот рок за купување на документацијата.

За измената на рокот за доставување понуди ќе бидат известени двата правни субјекта од страна на претседателот на Комисијата за спроведување јавен повик за прибирање понуди за продажба на акциите на државата и на Фондот за ПИОМ во ОХИС.

Ова е деветти тендер за продажба на ОХИС што го објавува Владата. Објектот се нуди за 14 илјади евра со услов да бидат задржани сите вработени и да се исплатат сите заостанати плати и придонеси. Во компанијата во моментот се вработени 800 работници кои тврдат дека немаат земено 15 плати, осум од 2008 и седум од годинава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ