Од зграда во шведскиот главен град Стокхолм биле евакуирани 500 луѓе поради истекување на хемикалија, за која се претпоставува дека е експлозивна.
Службата за итна помош згрижила четири лица, кои се пожалиле на вртоглавица и вкочанет врат.
Локалните медиуми објавија дека зградата, од која се евакуирани луѓето во квартот Солна, ја користеле Каролинскиот институт и Кралскиот институт за технологија, како и неколку приватни компании.
Според медиумите, истекувањето на хемикалијата започнало на седмиот кат, во лабораторијата која ја користи неименувана биохемиска компанија.