„По истекувањето на рокот за поднесување на листи на кандидати за пратеници до ДИК за следните парламентрни избори, неизвесноста кулминира. На повидок е епски судир меѓу македонската десница – ВМРО ПАК ( Партија на аболицирани криминалци) и СДП ( Социјалдемократска партија) .
Реални се очекувањата дека победникот меѓу Никола Груевски и Бранко Јаневски како предводници на големите политички партии ќе биде неизвесен се до пребројувањето на гласовите и од последното најмало избирачко место. Во таква ситуација никој од овие две партии не ќе може да обезбеди мнозинство на пратенички мандати кои ќе им гарантираат сами да формираат влада.
Практично партијата Народно движење на Македонија- НДМ на Јанко Бачев ќе пресуди која од овие две партии ќе формира влада. По се изгледа таа ќе биде јазичето на вагата која ќе претегне на левата или десната страна. Заради смирување на политичките тензии и надминување на севкупната криза во државата, можно е и изненадување од типот формирање на заедничка, коалициона влада од сите три партии.
Можеби една таква Влада на национално единство е и најсигурната гаранција за опстојувањето на државата и натаможниот демократски прогрес. Само така сплотени ќе бидат во состојба да го гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и да обезбедат благосостојба на сите граѓани без оглед на нивната политичка, етничка и верска припадност“, се вели во соопштението на НСДП.