Деветти научен собир на млади македонисти

Од:

Над 30 млади научници од Македонија и од странство со свои реферати ќе се претстават на 9. Меѓународен научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на Лилјана Минова – Ѓуркова, кој денеска и утре се одржува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

–  Овој собир својата традиција ја има уште од 1993 година. Идејата за организирање на собирот беше на професорката Лилјана Минова – Ѓуркова и по нејзината прерана смрт, тој се одржува во нејзина чест. Собирот е многу значаен за Филолошкиот факултет и за македонистите општо затоа што го покажува напредокот на нашиот подмладок, рече проф. д-р Искра Пановска-Димкова од Организацискиот одбор на собирот.

Таа изрази задоволство што годинава има учесници од Македонија и од странство, сите оние кои се занимаваат со македонскиот јазик и со македонската книжевност.

Проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје истакна дека овој собир на млади македонисти почна со цел да се здружат младите сили и да се покаже нивниот интерес кон македонскиот јазик.

– Од седмиот научен собир имаме излагачи со теми од македонската литература и македонската култура за да не ги огранчуваме сите оние кои сакаат да го изучат македонскиот јазик. На овој собир имаме два блока кои се посветени на македонската литература и на македонската култура. Акцентот е ставен на современата македонска литература бидејќи се работи за млади кадри, млади луѓе кои ги интресира современието, рече Мојсова-Чепишевска.

Младите, како што рече, сакаат да видат што се случува во македонската литература и култура, за кои теми се пишува, како се пишува, а иксуствата ги понесуваат и во своите држави и прават споредби.

Таа појасни дека на собирот учествуваат студенти од четврта година, магистранти и докторанти кои се занимаваат со теми од македонскиот јазик, литеарура и култура. Додаде дека секогаш има интрес за учество на собирот.

Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје, проф. д-р Славица Велева потсети дека оваа манифестација има богата традиција од 23 години.

– Македонскиот јазик, литература и култура некој ги нарекува мали со што апсолутно не се согласувам. Македонскиот јазик го нарекуваат и егзотичен, но јас би го нарекла посебен јазик. Секој што сака да истражува, да споделува искуства од другите земји, мислам дека веќе наоѓа поддршка и поткрепа во македонистиката, рече Велева.

Таа потсети на богатството што го нуди македонскиот јазик во однос на граматичката и книжевната структура и на културното милје што го поседува македонистиката. Порача младите македонисти да си го најдат местото во институциите.

По официјалното отворање на собирот беа промовирани зборниците од седмиот и осмиот собир.

Првиот научен собир се одржа на 20 и 21 мај 1993 година на иницијатива на проф. д-р Лилјана Минова – Ѓуркова од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Основниот концепт на собирот беше тој да претставува научна средба на млади научни работници чија прва или втора специјалнмост е македонскиот јазик. На досегашните собири учествувале над 350 млади научници.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска