СДСМ: Ниеден граѓанин не е повеќе сам, насилниците нека се преиспитаат што прават

Од:

„СДСМ најостро го осудува синоќешното крвничко претепување на основачот на порталот Репортер.мк, Горан Наумовски Кизо.

Порачуваме да се преиспитаат што прават насилниците кои на каков било начин нанеле штета на граѓаните, бидејки ниеден граѓанин не е повеќе сам. Зад секого стојат илјадниците луѓе по улиците кои ја враќаат правната држава и слободата во Македонија.

Кукавички е некој да посегне по физички напад, со шипки, зад грб, во ноќни часови, начекувајки некого пред сопствениот дом, како што е тоа случајот со тешко повредениот Наумовски, кој со шиена глава, скршена рака и модро тело, според информациите што ги имаме, сеуште е во болница.

Секој кој нанел зло на граѓаните, на каков било начин ќе се соочи со сопствената одговорност, меѓу нив и оние кои ја загрозиле личната безбедност на основачот на порталот Репортер.мк“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он