СДСМ: Часовите исполнети со лаги во медиумскиот мрак нема да му помогнат на Никола Груевски

Од:

„Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се плашат од вистината и затоа бегаат од реформи за слободни медиуми.

Медиумскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, постојано пласира измислици и тера пропаганда за да ги задоволи последните хирови на овој режим.

За Груевски е важно постојано да се креира лажна, виртуелна реалност, а вистината, дека сиромаштијата расте, дека младите се иселуваат, дека земјоделците се манипулирани, дека Македонија е нозе, постојано да се кријат.

Тоа го потврдуваат и резултатите од мерењата на прилозите во централните вести на медиумите на Никола Груевски.

Во периодот од 1 до 10 мај на Сител, Канал 5, Алфа и Нова ТВ емитувани се речиси 8 часа позитивно-промотивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ (28.187 секдунди).

Негативни прилози за ВМРО ДПМНЕ на овие медиуми НЕМА.

Од друга страна, Канал 5, Сител, Алфа и Нова ТВ емитувале негативни прилози за СДСМ во времетраење од речиси 4 часа (13.819 секунди)

Часовите исполнети со лаги и пропаганда се уште една потврда дека во Македонија е неопходна регулација за слободни медиуми коишто непристрасно, професинално и независно ќе информираат во интерес на граѓаните.

Јасно е дека часовите исполнети со лаги коишто ги пласираат медиумите на Никола Груевски не можат да му помогнат.

Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија.

Во демократска Македонија слободата за медиумите ќе биде обезбедена и гарантирана“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата