А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царинската управа доби опрема вредна 52,5 илјади долари

by А1он11/05/2016 - 12:16147
Share0

Програмата EXBS на Амбасадата на САД во Република Македонија, на Царинската управа и врачи опрема -5 видеоскопски инспекциски системи наменети за спречување на незаконско тргување со стоки, во вредност од 52.494,72 американски долари.

Добивај вести на вибер

Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во откривање и спречување на недозволена трговија и заштита на границите.

Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS, на Царинската управа Aмбасадата на САД ѝ донираше оперативна опрема во вредност од околу 2 милиони американски долари, заедно со обуки за користење на истата, кои имаат за цел да го унапредат целокупното царинско работење и да придонесат за постигнување на подобри резултати, во насока на олеснување на меѓународната трговија и безбедноста на општеството.

Имено, од почетокот на 2016 година до сега, со помош на опремата донирана во рамките на Програмата EXBS, царинските службеници меѓудругото пронајдоа и запленија 4.536 парчиња разни лекови, 25.000 евра, 28 кг марихуана, 60 мл масло од канабис, 24.700 парчиња цигари и114 кг тутун.

carina

Би можело да ве интересира

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави

Горан Наумовски20/05/2025 - 12:17

(ВИДЕО) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

Горан Наумовски16/04/2025 - 11:2816/04/2025 - 11:28

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Горан Наумовски06/04/2025 - 15:41

69 камионџии со неправилни сертификати за „професионална компетентност на возач“

Горан Наумовски25/03/2025 - 14:24

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он08/01/2025 - 15:58

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Горан Наумовски02/09/2024 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен