СДСМ: Дали со скандалозната продажба на Алфа банка се повторува Македонска банка?

Од:

„Народна банка потврди дека Богов ја дозволил продажбата на Алфа банка на консултант во Владата на екс-премиерот Груевски за екстремно ниска цена од само 1.2 милиони евра.

Се потврдува дека Богов свесно и намерно ја изоставил банкарската контрола или ја прикрива истата за да може да му удоволи на инвеститорот со сомнително потекло да влезе во банкарскиот сектор на Р.Македонија со купување на банка за само 1.2 милиони евра.

Богов се согласи Алфа банка да биде продадена за 6% од нејзината номинална вредност. НБРМ се повикува на моменталните пазарни цени на банките на берзата, но дали мислат дека е можно по тие цени некој да се стекне и со 10% од сопственоста на било која банка?

Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност при редовните банкарски контроли го забоколува или прикрива фактот што основниот капитал на Алфа банка е десетократо намален. Или ако постои воопшто таков извештај тогаш зошто Богов не реагирал соодветно?

Дали Богов како продолжена рака на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја повторува историјата со скандалозната продажба на Македонска банка за којашто слушнавме како Груевски договара милионски провизии со сомнителниот инвеститор газда Нини?

Дали и зад евтината продажба на Алфа банка се кријат милионски провизии?

Дали купувачот на Алфа банка, на кого претходно му бил одбиен влез од страна на НБРМ во банкарскиот сектор на Р.Македонија, ја добива Алфа банка за мали пари затоа што во меѓувреме станува советник на екс-премиерот Груевски за оф шор зони?

Наместо памфлетски соопштенија, Богов на јавноста и должи сериозни одговори“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?