Еден загинат, четворица повредени кај Демир Капија

Од:

Едно лице загина, а четворица се повредени во три сообраќајни несреќи што утрово се случија кај Демир Капија.

Во судир, што се случил околу 09:30 часот на патот Демир Капија – Удово, кај местото Луткова река, дошло до судир на товарно возило со унгарски регистарски таблички и возило опел со кавадаречки регистрации, при што загина 49-годишен кавадарчанец.

Претходно, на неколку километри оддалеченост во судир на два камиона, причинета е само материјална штета, повредени нема.

На патот Неготино – Демир Капија возило фолксваген со српски регистарски ознаки се судрило со товарно возило МАН со гостиварски таблички. Во несреќата повредени се четири лица, од кои едно потешко.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он