СДСМ: Груевски не може да го залажува охрабрениот народ, граѓаните се на нозе за иднината на Македонија

Од:

„Она што го прави аболицираниот Никола Груевски ги згрозува граѓаните при секое негово појавување.

Додека цела Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата Груевски е во кампања за непостоечки избори коишто нема да се случат на 5-ти јуни.

Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.

Новите лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски не можат да го залажат охрабрениот народ кој се бори за слобода и демократија на улиците ширум Македонија.

Поради криминалните политики на Никола Груевски Македонија има проблем со корупцијата, криминалот, владеењето на правото, срушената економија, лошиот животен стандард на граѓаните.

Над 500 граѓани живеат во сиромаштија, невработеноста е огромна, владее криминал, се кршат законите, неконтролирано се задолжуваат идните генерации. Ова се однесува на сите граѓани. Секој сака подобар и сигурен, мирен, спокоен живот.

Затоа Македонија е на нозе.

Ова е  борба за Македонија и нејзината иднина!

Или Груевски или Македонија“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он