Шампионот на НБА лигата, тимот на Голден Стејт стигна до третата победа во полуфиналето на Западната конференција откако утринава по петминутно продолжение го совлада Портланд на гостински терен со 132:125 и сега води со 3-1 во победи.
На овој дуел враќање на паркетот имаше Стеф Кари и со 40 постигнати поени покажа дека повредата на коленото не остави трага врз неговата форма.
Продолжение се играше и на другиот ноќешен дуел на кој кошаркарите на Мајами успеаја да го изедначат резултатот на 2-2 во победи во плеј-оф пресметката со Торонто. По 48 минути резултатот беше нерешен 83:83, а во продолжението беше 11:4 за Мајами за конечни 94:87.
Вечерва се игра петтиот меч од полуфиналната пресметка меѓу Сан Антонио и Оклахома Сити. Резултатот во моментот е 2-2 во серијата прв до четири победи.