Во пожар во центарот на Каиро повредени се најмалку 80 луѓе, меѓу кои и пожарникари, потврдија денеска египетски официјални претставници.
Пожарот изби во текот на ноќта во мал хотел и брзо се проширил на четири соседни згради.
– До пладне пожарот е ставен под контрола, а во гаснењето на огнот повредени се 16 пожарникари и полицајци, изјави началникот на пожарната полиција Гамал Халава.
Портпаролот на египетското Министерство за здравство нагласи дека вкупно 80 луѓе се полесно повредени.