КИЦ на РМ во Софија и годинава учествува во „Европската ноќ на литературата“

Од:

На 11 мај во Софија и во уште десет други бугарски градови, ќе се одржува петтата „Европска ноќ на литературата”. Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија,  со поддршка на Министерството за култура на РМ, по четврти пат е дел од организацискиот одбор и учесник на оваа голема европска литературна акција.

На 12 места во Софија, во исто време, од 18 до 22 часот, задутре ќе бидат читани автори од земјите учесници, кои се преведени на бугарски јазик.

Годинава КИЦ на РМ во Софија ќе претстави стихови од последната стихозбирка од македонски автор објавена на бугарски јазик – „Последните ракописи” од Славе Ѓорго Димоски. Нив ќе ги пренесат актерите Ѓорге Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.

Македонското читање ќе се одвива во просторот за европски креативни индустрии „Склад”, на улицата Бенковски во Софија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска