Повреден 14-годишен ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“

Од:

Ученик од гимназијата „Јосип Броз Тито“ попладнево е повреден со остар предмет во пределот на ногата, јавува Макфакс.

Пред скопската гимназија во центарот на градот забележително е присуство на полиција и Брза помош.

Според информациите на полицијата, инцидентот бил пријавен попладнево во 17:05 часот. Неколкумина непознати лица го нападнале 14-годишниот ученик, кој најверојатно бил прва година, пред влезот на зграда до гимназијата.

Момчето било прободено со остар предмет во ногата. Соучениците кои биле со него го одвеле ученикот во спортската сала на гимназијата и повикале Брза помош и полиција.

Повредениот ученик бил пренесен во градската болница „Свети Наум Охридски“. Освен оваа пријава, засега не се знае што точно се случило попладнево во близина на гимназијата.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски