(ВИДЕО) ЛДП: Независна истрага да ја одгатне мистеријата „Диво насеље“

Од:

„Точно на овој ден, пред една година, загинаа осуммина полицајци во кумановската акција „Диво насеље“ и сега по 365 дена семејствата на загинатите, нивните пријатели и целата македонска јавност се уште се пред дилемата како и за што загинаа, по чие сценарио и по чија вина.

За нас и тогаш и сега, сосема легитимно е барањето за специјална и независна истрага за случајот „Диво насеље“, бидејќи и покрај судскиот процес остануваат многу неодговорени прашања“, рече портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

„Во овој тажен ден поставуваме директни прашања до дополнителниот заменик -министер во МВР, Митко Чавков:

– Дали  имало директни врски  меѓу вооружената група со македонски безбедносни агенции, информации што ги објавија медиумите во Косово, или преведено на наш јазик дали имало врски меѓу вооружената група и луѓе од фамилијата на власт ?

– Како е можно да се внесе толкаво количество оружје и муниција во густо населена градска населба, со оглед на поврзаноста со претходниот инцидент во Гошинце?

– Зошто само три дена по полициската акција во Диво насеље, која власта ја оцени како успешна, оставка дадоа првите луѓе на МВР и УБК, Јанкулоска и Мијалков?

– Зошто ВМРО-ДПМНЕ својот тогашниот конгрес првично го закажа за 9ти Мај во Куманово, па потоа го промени датумот на негово одржување?

– Зошто и покрај  барањата на дел од соседните земји и претставници на меѓународната заедница токму Вие не дозволивте меѓународна истрага за Куманово, правдајќи се дека се е во рацете на обвинителството.

Сакаме да потсетиме дека акцијата во Куманово се случи во период кога власта сериозно беше разнишана од бомбите на опозицијата, меѓутоа и во период кога се најавуваше и објавување на детали за случајот Смилковско езеро.

Поради нарушениот кредибилитет и големата партизираност на  институциите, што е нотироно и во извештајот на Прибе,  бараме Специјалното Јавно Обвинителство да преземе надлежноста за овој случај. Сметаме дека единствено така, ќе бидат расчистени сите нејснотии и контроверзии во јавноста. ЛДП е убедена дека „сваровски судството“ не може да даде епилог за овој случај.

Македонија заслужува да знае што се случи на 9ти мај во Куманово, кои се нарачателите и инспираторите на оваа аккција, и зошто и како загинаа осумтемина припадници на безбедносните сили, а 30-тина беа повредени. Оваа мистерија мора да се одгатне, за никогаш повеќе да не се повтори“, изјави Јаневиќ.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник