Египетската ќелија на ИД ја презеде одговорноста за убиството на осуммината полицајци во Каиро

Од:

Египетската ќелија на групата Исламска држава на својот профил на Твитер ја презеде одговорноста за убиството на осуммината полицајци во Каиро, пренесоа француските медиуми.

Полицајците беа убиени изминатата ноќ додека со комбе патувале во предградие на Каиро.

Египетската ќелија на ИД веќе ја има преземено одговорноста за повеќе напади и атентати изведени во Египет, главно на Полуостровот Синај. Во овие напади во последните три години загинаа стотици војници и полицајци.

Пред да се заколне на верност кон ИД, во текот на 2014 година, египетската ќелија на организацијата беше позната под друго име.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина