Американскиот командант Џон Ален под истрага за вмешаност во скандалот со генерал Петреус

Од:

Министерот за одбрана на САД Лион Панета изјави дека против командантот на американските сили во Авганистан генерал Џон Ален е започната истрага поради „несоодветна кореспонденција“ со Џил Кели, која била волонтер во одделот за врски во воената база „Макдил“ во Флорида.

Од Џил Кели, која е пријателка на семејството на Дејвид Петреус, тргна истрагата која доведе до негова оставка како шеф на ЦИА.

Кели се пожалила дека добива заканувачки пораки од Пола Бродуел, со која Петреус имал вонбрачна врска.

Наредбата за започнување на истрага против Ален е издадена вчера.

Висок претставник од Пентагон соопшти дека истрагата е започната во врска со скандалот околу оставката на шефот на ЦИА и започнатата проверка за евентуално истекување на доверливи информации. Во базата „Макдил“ е сместена Централната команда на САД, чиј командант бил Петреус.

На барање на Панета именувањето на генерал Ален за шеф на Европската команда на американските воени сили и за главен командант на НАТО во Европа е одложено.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија