Олга Лалиќ-Кровицка добитник на „Книжевна далга“

Од:

Полската писателка Олга Лалиќ-Кровицка е добитник на наградата „Книжевна далга“ што ја доделува Здружението „Бран“ и Ревијата „Бранувања“ од Струга за 2016 година во ракмите на манифестацијата „Струшки книжевни средби“.

Наградата се доделува за особени заслуги во афирмацијата на балканските книжевни вредности, како и за личниот придонес во книжевноста. Книевната ревија „Бранувања“ денеска соопшти дека наградата на Лалиќ-Кровицка ќе и биде врачена на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ што годинава ќе се одржи од 7. до 9 јули во Струга.

Олга Лалиќ-Кровицка, е родена на 2 април 1980 година во Шибеник (Хрватска), а има полско-српско потекло. Дипломирала Српско-хрватска книжевност на Катедрата за статистика на Јагелонскиот Универзитет во Краков (Полска). Нејзини дела се преведени на повеќе јазици меѓу кои и на македонски. Лауреат е на петнаесетина книжевни награди во светот: главната награда на Фондацијата „Спартак” на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија, 2006, „Златен круг” за афирмација на српската сатира во светот, „Сатира фест“ во Белград, 2010, на меѓународните книжевни награди за креативност „Наџи Најман“ во Либан, 2015…. Пишува проза, поезија, драми. Има објавено околу петнаесет книги поезијата, колекција на драми и бајки. Превела околу 45 книги на српски, хрватски, словенечки и македонски на полски, од полски на српски и од словенечки на хрватски. Олга Лалиќ-Кровицка се занимава и со уметничка фотографија, цртеж, сликарство и дизајн. Нејзините дела се изложувани на колективни изложби во Србија и Македонија. Живее и работи во Дукла на Карпатите (Полска).

Досегашни добитници на наградата „Книжевна далга“ на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ се: Мерсиха Исмајлоска, Миљурко Вукадиновиќ (Србија) и Вања Ангелова (Бугарија).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска