Нови 1.000 вработувања преку обучување на невработените и уште 1.000 преку кредитирање на фирмите и отварање нови бизниси за самовработување, најавија денеска министрите за финансии и економија Зоран Ставревски и Ваљон Сарачини, а во соработка со Агенцијата за вработување. 1000 невработени лица, од кои 250 под 27 години ќе бидат пратени на обука во компаниите, кои три месеци подоцна ќе треба да задржат најмалку половина од нив.
700 самовработувања преку проекти за отварање нови бизниси остануваат засега само во најава. Уште 1000 нови работни места пак, Владата планира да создаде преку давање поволни кредити на работодавците кои и во вакви услови ќе примаат нови вработени.
Околу 4,5 милиони евра за оваа намена ќе бидат одвоени од Буџетот на РМ. Ако интересот е поголем, надлежните најавуваат дополнителни средства за проекти за самовработување.
Јасмина Јакимова