Мајски саем на книгата

Од:

Во своите четири книжарница во Скопје, кои се наоѓаат во Центар, кај Универзална сала и во Тафталиџе, издавачката куќа Феникс од 10 мај до 10 јуни организира Мајски саем на книгата.

Целта е да им се овозможи на граѓаните полесно и побрзо да дојдат до евтина а полезна книга, па затоа и попустите се максимални, односно се движат од 50-80 проценти.

Сите изданија на Феникс ќе се нудат со најголеми попусти и ќе се продаваат со досега најниски продажни цени, а ќе бидат изложени над 20.000 примероци од сите изданија наменети за сите генерации.

Понудата се состои од боенки, сликовници, лектири за основно и средно образование, енциклопедии, речници и разговоирници, прирачници, хитови, бестселери и други популарни и неопходни изданија.

Меѓу другите, тука се делата од Херта Милер, Барак Обама, Џин Сасон, Лујза Хеј, Барбара де Анџелис, Ог Мандино, Момо Капор, Радован Павловски, Луан Старова, Петре М. Андреевски, Љубе Цветановски, Јордан Плевнеш, Христо Петрески, Трајче Кацаров и многу други македонски и странски автори.

Сите посетители на Мајскиот саем на книгата бесплатно ќе бидат зачленети во Клубот на книгата Феникс и ќе добиваат попусти во текот на целата година, а за купувачите следуваат подароци во книги, прибор, училишни и канцелариски материјали.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска