ВМРО-ДПМНЕ: Локвенец профитираше токму во време на транзицијата

Од:

Додека фирмите во транзицијата се затвораа и обезвреднуваа, Локвенец ги купуваше. Оттука сосема е извесно и дека функцијата градоначалник ја гледа како можност за стекнување на личен профит и напредок на своите фирми, изјави Димитар Стевананџија, пратеник во Собранието за предлогот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Хари Локвенец.

Додека СДСМ се обидува Ловенец да го претстави како сериозен и успешен кандидат за гардоначалник, ВМРО-ДПМНЕ ја открива неговата прва слика, дека Локвенец припаѓа на топлата која профитираше во времето на транзацијата.

“Прво, Локвенец купи објект над 4000 метри квадратни во ‘Ридтекс’ преку фирмата ‘Гинис’. ‘Ридтекс’ беше фирма која беше обезвреднета, а потоа нејзиниот имот приватизиран од Локвенец. Второ, додека за повеќето прилепчани транзицијата значеше сиромаштија, за Локвенец тоа значи драстично богатење, за да денес тој поседува деловни и станбени објекти во вредност од над еден милион евра -дуќани во Прилеп, станови во Скопје, куќа во изградба во Бардовци. Трето во 2006 година Локвенец соработувал и со Димитар Богдан, директор на ‘Тутунскиот комбинат’ АД Прилеп кој доби петгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената функција. Фирмите на Локвенец му фактурирале на ‘Тутунски Комбинат’ АД Прилеп околу четири милиони денари во една година, за набавка на принтери и печатење на блузи“, објасни Стевананџија на денешната прес конференција додавајќи дека една од лагите на Локвенец е гасификацијата на Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он