Прв натпревар за Microsoft Office Specialist во Македонија

Од:

Ученици од основни и средни училишта, како и студенти на факултети, на возраст од 13 до 22 години, до 15-ти  месецов можат да се пријават за учество на првиот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist во Македонија.

Натпреварот го организира  Certiadria, официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот, заедно со компанијата Microsoft Македонија. Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи вештини и познавања со полагање тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint, од MS Office 2010 или MS Office 2013.

Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржува во Скопје и во уште неколку градови во два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Најдобрите од овој круг влегуваат во финалниот натпревар, кој ќе се одржува во Скопје на 28 овој месец и на кој победниците можат да се стекнат со многу вредни награди.

Најдобриот натпреварувач ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist, што оваа година ќе се одржува во Дизниленд, во Орландо САД.

За пријавување за натпреварот се пополнува апликација на веб страната: www.certiadria.com.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование