Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе постигна победа и на втората трка од ЦЕЗ (Централно Европска Зона) во шампионатот на кружни патеки, која се одржа денеска на патеката „Хунгароринг“ покрај Будимпешта.
По вчерашниот триумф, Иџе и денеска покажа дека е незадржлив за конкуренцијата.
Стефановски постигна време од 25:40.534 минути и се искачи на победничкиот пиедестал. Зад него се пласираа Словенецот Јака Мариншек и Германецот Карол Витке.