Кошаркарите на Атланта се пласираат во полуфиналето на Истокчната конференција, откако ноќеска на гостински терен го победија Бостон со 104:92.
Конективната игра придонесе во оваа победа на Атланта дури шестмина играчи да имаа двоцифрен број на постигнати поени. Пол Милсап средбата ја заврши со 17, Базмор и Хорфорд постигнаа по 15, Корвер беше стрелец на 13, а Тиг 11 и Шредер уфрлија по 11 поени.
Атланта во полуфиналето ќе игра против Кливленд.
Вечерва се играат натпреварите број 6 од дуелите: Шарлот – Мајами (3-2 во победи), Индијана – Торонто (2-3) и Портланд – ЛА Клиперс (3-2).