Во судири со либиските шверцери убиени меѓу 12 и 16 египетски мигранти

Од:

Египетски мигранти, кои се обидувале да стигнат до Европа, се убиени во Либија во судири со шверцери на луѓе, информира египетското Министерство за надворешни работи, цитирано од француските медиуми.

Според првичните сведоштва, во судирите со шверцерските банди во градот Бани Валид, транзитен центар за мигранти на околу 150 километри југозападно од Триполи,  убиени се меѓу 12 и 16 илегални египетски мигранти, посочи министерството.

Мисијата на ОН за укажување помош во Либија (UNSMIL) информира дека се убиени 12 Египѓани и тројца Либијци.

Специјалниот пратеник на ОН за Либија, Мартин Коблер, преку коминике ги осуди убиствата. Тој ги повика локалните власти да го истражат случајот и да спречат нови убиства.

Илјадници Египѓани работат во Либија, главно во градежништвото и занаетчиството. Многу од нив во земјата влегле незаконски со надеж дека ќе емигрираат во Европа.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина