СДСМ: Медиумските курири се продолжена рака на хибридниот режим

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел – да ја сокрие вистината.

Криењето на вистината, селективното објавување на информации и пропаганда подготвена во ВМРО-ДПМНЕ е секојдневие за овој медимските курири кои се продолжена рака на овој хибриден режим.

Затоа веста дека Македонија, единствена од регионот, веќе не е слободна држава, потврдена од страна на Freedom House, не ја објави ниту еден од медиумските курири.

Со тоа во целост се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Едно е јасно. Ништо нема да им помогне, правдата ќе ги стигне сите.

Македонија е на нозе“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата