Властите на главниот град на Аргентина Буенос Аирес забранија одржување на фестивали на електронска музика во градот поради конзумирање на дрога на таквите настани.
Градоначалникот на Буенос Аирес Хорацио Родригез Ларета изјави дека забраната ќе биде во сила се додека не се донесе законска рамка која ќе ја регулира употребата на дрога на фестивалите.
Оваа одлука е донесена откако пет лица починаа од предозирање од дрога на фестивалот на електронска музика „Time Warp‟ одржан во петокот на 15 април. Четири лица, од исти причини се хоспитализирани и се наоѓаат во тешка состојба. Посетителите на фестивалот на полицијата потврдиле дека на тој фестивал била достапна дрога, екстази, LDS, марихуана и кокаин. По затворањето на фестивалот биле уапсени пет лица.