„Волшебното велигденско дрво“ за лицата од Центарот за церебрална парализа Капиштец

Од:

Црвениот крст на град Скопје во пресрет на празникот Велигден ја организираше манифестацијата „Волшебно велигденско дрво”, посветена на 43-те деца и младинци кои го посетуваат „Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Капиштец”.

Лицата од Центарот на 4-ти април ги запишаа своите желби на наменски картички-велигденски јајца и заедно со волонтерите на Црвениот крст ги закачија на големото „Волшебното велигденско дрво”. Сите хумани граѓани кои го посетија велигденското катче во ТЦ Рамстор, како што соопштија од Црвениот крст, имаа можност да ги исполнат желбите на лицата од овој Центар.

Подароците ќе им бидат доделени денеска во просториите на ТЦ Рамстор, при што посетителите ќе може да ја проследат и театарската претстава „Распеана турлитава“.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението