Федерер: Дозволив премногу брејкови

Од:

По завршувањето на финалето на Мастерстот во Лондон, Федерер изјави дека мечот бил квалитетен и неизвесен.

„Имавме долги поени, но имаше и периоди во кои имавме кратки. Игравме многу квалитетно, добро е да се играат такви поени. Не требаше да дозволам толку брејкови, но сепак, тука веројатно се прашува и Новак нешто. Беше екстремно неизвесно денеска“, изјави Федерер на прес-конференцијата по завршувањето на мечот.

„Мислам дека имаше неколку клучни моменти во мечот и не е исправно да се издвојат. Малку поевеќе возбудување имаше во првиот сет, а мене ми останува само да жалам што два пати имав водство“, додаде Швајцарецот.

И покрај поразот во финалето, Федерер нема за што да жали, бидејќи завршниот турнир веќе го освои шест пати досега. Оваа сезона тој го урна рекордот, останувајќи на врвот на АТП листата повеќе од 300 недели.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех