Екипите на Торонто и Атланта поведоа со 3-2 во победи против Индијана и Бостон во плејофот од НБА кошаркаркиот шампионат.
Во првиот од двата дуели од четвртфиналната рунда во Источната конференција, кои се одиграа ноќеска, кошаркарите на Торонто предводени од Демар Дерозен кој средбата ја заврши со 34 постигнати поени ја победи Индијана со 102:99 за водство од 3:2 во победи.
На гостите не им помогна ниту расположениот Пол Џорџ кој средбата ја заврши како најефикасен со 39 поени.
Во вториот меч, Аталанта до водство од 3-2 во победи против Бостон стигна со синоќешниот убедлив триумф со 110:83
Мајк Скот беше најефикасен кај Атланта со 17 поени, еден повеќе од Тиг и од Бејзмор.