ЛДП: Избирачки список без правна важност не може да гарантира кредибилни избори

Од:

„Со партиски директиви и по диктат на криминогената врхушка на власт, мнозинството членови во ДИК синоќа го усвоија збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки.

Самиот факт што претседателот на ДИК гласал против овој извештај и изразил сомневање во правната важност на информациите од МВР на кои не е потпишан министерот Спасовски, упатува на тоа дека избирачки список без правна важност не може да гарантира кредибилни избори. Дотолку повеќе што стојат и забелешките дека остануваат илјадници сомнителни гласачи без живеалиште во земјава.

Оттука, сметаме дека синоќа партизираната Државна изборна комисија се дискредитира и себе си и целокупниот изборен процес, со што во исто време потврдува дека не е во можност да обезбеди фер, слободни и кредибилни избори на 5 јуни, датумот кој единствено го сонува Никола Груевски и неговата помилувана чета на криминалци.

Бараме во согласност со критериумите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, граѓаните на Република Македонија повторно да имаат целосен увид на избирачкиот список“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство