„Потполковникот“ – роман на Димитар Пандев во издание на „Матица“

Од:

„Матица македонска“ во својата едиција „Современа македонска проза“ ја објави книгата „Потполковникот“ која е прв роман на универзитетскиот професор Димитар Пандев, автор на голем број научни трудови од областа на македонистиката и литературната критика.

– „Потполковникот“ е повест составена од пролог и епилог на едно поранешно, но не така одамна минато време. Како засебна целина, оваа повест се вклопува во раскажувачката целина со триптихонот „Излегување од приказните“, „Приказни од поранешните“ и „Пропатување низ приказните“, но и отвора можност за многу други приказни, информира „Матица македонска“.

Во препораката на делото, поетот Славе Ѓорго Димоски констатира дека е можеби прв роман во македонската литература со тема од средношколскиот живот.

– „Потполковникот“ е топло раскажана приказна, која читателот го враќа во седумдесеттите години на минатиот век, во време на безгрижност, созревања и големи очекувања, а сето тоа видено, сфатено и прераскажано преку приказните на еден гимназијалец, истакнува Димоски за романот на Пандев.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска