Не е точно дека државата ќе запише нови 100 милиони евра, напротив, распишаната аукција е многу помала од сумата која следниот ден ќе се врати во стопанството, наведува Министерството за финансии во демантот на тврдењата на дополнителниот заменик министер за финансии.
– Министерството за финансии издаде проспект на 4,3 милијарди денари (69,9 милиони евра) за аукцијата која ќе се одржи на 3 мај следната недела, додека веќе следниот ден во стопанството враќа 6,2 милијарди денари (100,8 милиони евра) или скоро 2 милијарди денари (над 30 милиони евра) повеќе од предвиденото со проспектот, стои во демантот од Министерството за финансии.