Во фантастичното финале на Мастерсот во Лондон, Ѓоковиќ по голема борба, која траеше два часа и 14 минути, го совлада бранителот на трофејот, Роџер Федерер со 7:6 (6), 7:5.
Швајцарецот имаше брејк предност во првиот и во вториот сет, но Ѓоковиќ потврди дека е најдобриот на светот, потсетувајќи не на епското полуфинале на УС Опен.
Тој ги одигра најважните поени најдобро и на крајот дојде до својот втор трофеј на завршниот турнир, прв во Лондон.
На српскиот тенисер ова му е шести трофеј во 2012-та година и 34-ти вкупно. Ова беше 29 меѓусебен меч на дваjцата ривали, а од претходните 28 меча, Федерер има победено 16 пати.
Ѓоковиќ ќе ја заврши годината со 12.920 поени на АТП листата, додека Федерер ќе има 10.265.