Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Уставот на неговата земја забранува исламизација, бидејќи тој документ има за цел да ги заштити унгарскиот јазик и култура.
Орбан истакна дека Уставот ја тера Владата да се бори против секаков облик на масовна миграција која би ги загрозила тие принципи.
– Да бидам јасен и недвосмислен: Можам да кажам дека исламизацијата во Унгарија е забранета со устав, истакна Орбан во вчерашното обраќање во парламентот по повод пет години од носењето на новиот Устав, познат како „Основно право“.
Орбан цитираше дел од преамбулата на Уставот во кој се наведува дека државата се обврзува да го „развива и штити наследството, јазикот, унгарската култура и да ги штити животните услови за идните генерации“.
Унгарија инсистира на ставот дека миграциското прашање е прашање на национален суверенитет.