Предавање за експресионизмот во литературата на германски јазик

Од:

Предавање „Самрак на човештвото/Самрак на вистината“, посветено на експресионизмот во книжевностите од германското јазично подрачје денеска на пладне ќе се одржи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Ова е шестиот настан во рамки на серијата културни настани „Денови на светската книжевност“ во организација на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со поддршка на Министерството за култура.

Филип Клетников и Јовица Тасевски-Етернијан ќе се осврнат на експресионизмот, на поезијата на најзначајните претставници на експресионизмот и на делото „Записите на Малте Лауридс Бриге“ од Рајнер Марија Рилке.

Експресионизмот како книжевно-историска одредница обично го означува книжевното творештво што доминира во втората декада на минатиот век во германскиот јазичен простор, а чиј што ментален хоризонт своите историски корени ги има уште во радикалната промена на светот и светогледите во 19 век.

НУБ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на настанот ќе можат да ги разгледаат и да ги купат делата од книжевните великани од германското јазично подрачје преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“.

Првиот културен настан од серијата „Денови на светската книжевност“ беше посветен на кинеската книжевност, а потоа следеа претставувањата на американската, унгарската, шпанската, јужноамериканската и шведската книжевност.

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје во текот на 2016 година, со поддршка на Министерството за култура, континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од тековната издавачка продукција и од капиталните проекти. Ќе се организираат и книжевни средби, трибини и други манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска