Средба на раководството на СДСМ со амбасадорот на Норвешка Арни Бјорнстад

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателка Радмила Шекеринска попладнево се сретнаа со амбасадорот на Норвешка Арни Бјорнстад, придружуван од неговата советничка Јаник Беин.

Тема на средбата беше актуелната политичка ситуација во Република Македонија.

На дипломатот од Норвешка му е пренесен ставот на СДСМ дека решение за политичката криза во Македонија се регуларни избори на коишто ќе биде избрана кредибилна Влада.

Соопштено е дека апсурдната одлука на Ѓогре Иванов за аболиција на функционери од власта за кои има отворено истраги за криминал, што повлече голем голем револт кај граѓаните резултира со притворања, додека криминалци кои злоупотребиле огромни суми пари и гласови на граѓаните се шетаат на слобода и се аболицирани.

“СДСМ заедно со граѓаните на Македонија бара Иванов да ја повлече срамната одлука за аболиција и да поднесе оставка. Во Македонија може и мора да има само фер и регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи“, беше потенцирано на средбата со амбасадорот на Норвешка Арни Бјорнстад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он