СДСМ: Лажните патриоти Груевски и Мијалков се пазареле со името

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја создадоа кризата во Македонија со криминални избори, брутална злоупотреба на власта и невиден грабеж на парите на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ, која истакнува дека поради криминалните политики Македонија е економски и финансиски уништена, со нарушен меѓународен углед.

„Во обид да ја спаси сопствената кожа Никола Груевски дополнително ја продлабочи кризата со нарачаната, срамна аболиција од Ѓорге Иванов. Затоа Никола Груевски се крие позади лажниот патриотизам, измислувајќи непријатели онаму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ интеграциите, рушејќи ги односите со меѓународната заедница. Никола Груевски не може да ги лаже граѓаните измислувајќи некакви сценарија што постојат само во неговата глава. Граѓаните знаат, вистината проби како шило на 16-мај 2015 година преку Вистината за Македонија.


Лажниот патриот Никола Груевски, со братучедот Сашо Мијалков и нивниот бизнис партнер Манолис од Грција, задкулисно се пазареле со уставното име на Македонија а разговарале и за идентитетските прашања. Вистината за Македонија покажа дека Законот за бранители не е донесен затоа што е директна жртва на партискиот пазар на ВМРО-ДПМНЕ со својот коалициски партнер. Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија“, реагира СДСМ.

Никола Груевски ги потценува граѓаните на Република Македонија, вели СДСМ и додава дека „не поминуваат провидни и измислени сценарија.“

„Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија. Затоа Македонија е на нозе. Или Груевски или Македонија! По демократските промени СДСМ ќе го врати уставниот поредок во Македонија, слободата и демократијата. СДСМ, заедно со граѓаните ќе обезбеди сигурна и подобра иднина за сите“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ