СДСМ: Хипокризија е криминалци да се на слобода, а да се приведуваат револтирани граѓани

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија заедно со граѓаните жестоко се спротивставува на насилничкото владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Хипокризија е обвинети за криминал и корупција од највисокиот врв на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се на слобода, па дури и аболицирани, а истата таа власт да приведува граѓани кои преку протести го изразуваат својот револт за ваквиот начин на практикување на владеењето. Ѓорге Иванов и неговиот ментор Никола Груевски кои го направија државниот удар со погазувањето на Уставот и правната држава го предизвикаа револтот кај граѓаните и тие се одговорни за последиците што се рефлектираат со огромното незадоволство по улиците. СДСМ укажува дека правото на протест е неприкосновено право, загарантирано со Устав и целосно го почитува и поддржува правото на граѓаните на протест. СДСМ повикува протестите да бидат мирни, достоинствени и ненасилни. Демократска Македонија е на нозе, ја враќа слободата на граѓаните и тоа повеќе никој не може да го спречи“, вели СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он